Ќерката на актерката Ким Бесинџер и актерот Алек Болдвин, Ајрланд Болдвин (26) на својот Инстаграм профил со ултразвук ја сподели радосната вест…
Познатиот американски актер Алек Болдвин има осум деца и сега станува дедо, бидејќи неговата најстара ќерка Ајрланд Болдвин објави дека е бремена.
– Среќна Нова Година – напиша таа со фотографијата, а истата фотографија ја сподели и нејзиниот партнер, музичарот Ален Андре Ањос, попознат како „RAC“.
Многу познати личности и честитаа, меѓу кои и нејзината колешка и моделка Криси Тајген, ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, Румер, Парис Хилтон, Хејли Бибер и многу други…
Да се потсетиме, нејзиниот татко Алек во септември го доби седмото дете со сопругата Хиларија, а од бракот со Ким Бесинџер славниот актер ја има Ајрленд. Годинава за прв пат ќе стане дедо.