„Никако не го правете тоа“: Фармацевт предупреди на грешки кои сите ги правиме кога имаме грип или настинка

popara1 јануари, 20231min00
41319_shutterstock-389428141_f

Студената сезона пристигна, а симптомите упорно го нарушуваат нашето секојдневие. При првиот знак на настинка, речиси сите трчаат во аптека, а според фармацевтите, токму тоа е најголемата грешка што можеме да ја направиме. Во повеќето случаи има повеќе штета отколку корист, тврди фармацевтот Абас Канани.

– Повеќето луѓе одат во аптека по лекови при првото појавување на симптомите на настинка. Сепак, ова е огромна грешка бидејќи нема врска со тоа дали веднаш ќе започнете со третман или само кога симптомите ќе станат потешки. Резултатите се исти, настинката едноставно мора да помине сама по себе – објаснил фармацевтот.

Поточно, поентата е дека лековите не лекуваат настинка. Тие само ги ублажуваат симптомите што ги имате.

– Не прави голема разлика кога ќе почнете да земате лекови за настинка бидејќи тие немаат ефект врз природата на самиот вирус, кој ќе напредува без разлика дали сте ги земале или не. Сите се само симптоматско олеснување – објасни Канани, кој додава дека класичната настинка во просек трае и до 10 дена.

Друга од најчестите грешки е употребата на стари антибиотици. Тие, исто така, не можат да помогнат во лекувањето на настинки, а покрај тоа, конзумирањето на антибиотици што сте ги користеле за претходни третмани може да биде опасно.

– Повеќето настинки се предизвикани од вируси, а не од бактерии, така што апсолутно нема потреба од земање антибиотици, но некои луѓе сепак одлучуваат да земаат антибиотици што останале од порано. Не правете го тоа. Тоа е само настинка, само вирусна инфекција, ќе помине – објасни фармацевтот и предупреди на недоволно внесување течности.

– Хидратацијата и правилната исхрана се исклучително важни за вашето здравје, а особено се важни кога сте настинати. Имено, дехидрацијата само уште повеќе ќе ве оптоварува бидејќи вашето тело мора многу повеќе да работи кога не е хидрирано. Затоа погрижете се да пиете доволно течности. Исто така, внимавајте на внесот на храна бидејќи иако можеби имате послаб апетит кога сте болни, никако прескокнувајте ги оброците бидејќи така само ќе се чувствувате полошо – објаснува Канани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma