Хулахопките како главен моден тренд – Како да ги комбинирате?

popara3 јануари, 20231min00
676

Главна карактеристика на модата е нејзината креативност и слобода да се изразуваме како што сакаме преку стилoт, без никакви ограничувања.

Ако чувствувате дека нешто недостасува во вашиот аутфит или сакате малку да ја промените вашата сигурна комбинација, тогаш хулахопките се она што го барате.

Покрај тоа што не загреваат и во кратки и во долги здолништа, тие се исклучително удобни, суптилни и многу разновидни. Тајната состојка на одличните модни рецепти е токму ова парче облека.

Дел од шармот е широката палета на бои во кои доаѓаат, како и различните дезени и принтови. Ако останавте без идеи како „веќе виденото“ да го претворите во „вау!“, еве неколку идеи препорачани од „Her Style Code“

  1. Интересен принт

Дезенот или принт може тотално да го комплетира изгледот, да го направи многу необичен и во исто време многу модерен. Затоа ова е првиот чекор кој може да донесе новина во вашиот стил. Трендот на дезени на хулахопки владее подолго време и, се чини, тешко ќе излезе од мода. Секако, штета е да се покриваат ваквите чорапи, па не двоумете се да ги покажете и гордо да ги носите!

  1. Модерен фустан, но уште помодерни хулахопки!

Животинскиот принт е вечeн повратник во светот на модата, а животинските дезени на хулахопки никогаш не го напуштија тој свет. Можат да се комбинираат на различни начини, но леопардскиот принт одлично оди со обичен црн фустан, на пример. Можете да си играте со боите, како и со какви додатоци да додадете на таа комбинација, но не треба да претерувате бидејќи овој принт се носи сам себе.

  1. Колку поинтересно толку повпечатливо!

Ако ви се допаѓа некој „полуд“ дезен и боја, не срамете се да го претставите како што заслужува. Иако е захтевно да носите некој детал од светла боја кој е повпечатлив од вообичаено, бидете сигурни во едно – можете да оставите само позитивен впечаток. Ќе изгледате посветло, можеби полудо, можеби тотално дизајнерски – зависи од вас! Слободата е во ваши раце или подобро кажано, во вашите нозе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma