ЛОСОС во ТЕМПУРА! Вечера дури и за во доцните часови! (РЕЦЕПТ)

popara16 август, 20231min00
Screenshot_1

Темпура е мешавина од тесто што се користи за премачкување риба, месо или зеленчук, а исто така е еден од најдобрите начини за подготовка на риба. Со него ќе ви требаат само компири (по желба) и малку сос по избор… Уживајте!

 

 

Состојки:

 

  • 125 гр пченично брашно
  • четвртина чаша пченкарно брашно
  • прстофат сода бикарбона
  • 300 мл ладна кисела вода
  • 500 гр филе лосос
  • половина лимон
  • сол, бибер

 

Подготовка:

 

Измешајте ги двата вида брашно и сода бикарбонаta, додадете кисела вода и сè убаво измешајте за да добиете еднолична смеса без грутки. Филетите лосос исечкајте ги на стапчиња, зачинете со сол и бибер, па потопете ги во подготвената смеса. Се пржат на врело масло три до четири минути, за да добие убава боја лососот. Прелијте со малку сок од лимон и послужете веднаш.