Сите уживаме во вкусните оброци и понекогаш едноставно не можеме да му одолееме на совршениот вкус, па земаме уште неколку залаци повеќе.
Според истражувањата, просечниот човек се здебелува околу половина килограм за време на празничната сезона, односно во јануари и февруари.
Тоа можеби не звучи многу, но за оние кои се грижат за својата линија, ова е премногу.
Вистината е, сепак, дека ниту тие не можат да одолеат на неколку парчиња храна повеќе.
За да ја одржите совршената линија, да го контролирате апетитот и да спречите прејадување, доволно е само да испиете една чаша вода пред оброк.
Можеби звучи премногу едноставно за да биде вистина, но експертите тврдат дека во овој случај во просек се трошат 13 калории помалку, а чувството на глад е значително намалено.
За ефектот да биде подобар и метаболизмот побрз, можете да исцедите лимон во водата. Ова особено им се препорачува на оние кои веќе малку претерале во текот на претходните празници, па се здебелиле некој килограм плус.
Сепак, не треба да очекуваме чуда и моментални резултати. За да го забрзате процесот на слабеење, се препорачува да вклучите некој спорт во секојдневните активности, па дури и трчање и пешачење.