3 состојки: Чоколадни брауни со урми и путер од кикирики

popara4 јануари, 20231min00
62449545-brownie-s-datuljama

Чоколади брауни со путер од кикирики и урми ги имаат само тие три состојки и се прават пред да го кажете нивното име. Не се печат, а вадењето на семките од урмите трае најдолго, па ако ги купите веќе извадени, ќе го скратите времето на подготовка и ќе уживате во овој вкусен колач буквално за 5 минути. Секогаш ни требаат вакви рецепти!

Време на подготовка: 15 минути.

Состојки:

175 гр урми без семки
125 гр незасладен кремаст путер од кикирики
2 лажици незасладено какао во прав

Подготовка:

Отстранете ги семките од урмите. Свежите урми се меки, но ако ви изгледаат премногу тврди, потопете ги во топла вода или млеко 10 минути. Во блендер изблендирајте ги омекнатите урми, додека не станат густа смеса.
Измешајте ги кремастиот путер од кикирики и какаото во прав во смесата со урми. Мешајте додека состојките целосно не се соединат (смесата ќе биде ронлива, не мазна). Ако е премногу суво, додадете малку вода.
Готовата смеса притиснете ја во мал калап за леб.
По желба се покрива со глазура и се украсува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma