За ќерката на познатата актерка Рис Витерспун, Ава Филипе, не отишло се според планот во однос на новогодишната ноќ, бидејќи наместо да ја дочека 2023 година на забава, таа ја дочекала во Ургентниот центар.
Младата Ава се огласи на Инстаграм и откри дека е задржана во болница за да ја лечи повредата што ја претрпела само неколку часа пред 2023 година.
– Новата година ја започнувам со голем удар… Всушност, поточно, со пукање… на мојот зглоб. Сè се случи затоа што бев смотана, сакав да прескокнам преку многу голема бара со штикли – напиша таа покрај фотографијата на која седи на болнички кревет без потпетици и во чорапи, а откри и кој ѝ правел друштво со часови во болницата и кој ја направил фотографијата.
– Многу сум благословена што имам одличен пријател како Џејден во мојот живот. Ме смееше цело време додека чекавме, а единствениот пат кога ме остави сама беше кога отиде да ни земе удобна гардероба. Те сакам Џеј – напиша ќерката на Рис Витерспун.
Актерката ја доби Ава со колегата Рајан Филипи.