Набавете ги на време пред ситуацијата во продавниците да стане „бушава“.
Нема подобра комбинација за ладно време од модерно и топло. Капутот одамна е синоним за таа комбинација, а многу познати личности го имаат во својот гардеробер.
Теди капутите станаа многу популарни уште во 2013 година и оттогаш, на овој или оној начин, секогаш се на врвот на листата на омилени зимски парчиња. Овие бушави модни пријатели речиси десет години шетаат низ ревиите на различни дизајнери, но и во бројни помали брендови и продавници. Нивното потекло е, како што можевме да претпоставиме – земјата на модата, ревиите, големите дизајни и креативноста – Италија.
Достапни се во различни должини, но најчесто се со поголеми димензии, поточно „oversized“ тип на облека. Ги носеа некои од најпознатите лица како Ким Кардашијан, Хејли Бибер или Џиџи Хадид, што ги инспирираше луѓето ширум светот да ги носат и прифатат.
Новото доба со себе носи и нови трендови. Во последно време за дневната верзија се вкрстија темите спорт, мода и удобност, а без разлика дали за некого е модно прекршување или не, теди палтото е честа појава во оваа комбинација.
Размислете за идејата да купите еден од овие модели во интересна боја како што е црвената.
Дали ќе ја освои и следната зима или ќе биде надминат во конкуренцијата со нов и сосема поинаков тренд – ќе видиме, а дотогаш гордо носете го вашиот „теди“, препорачува „Woman&Home“.