Прво што треба да направите, за да добиете чај и маска за лице од кората на калинката, е добро да ја исушите во рерна.
Многумина се љубители на вкусната калинка, а кога ќе завршат со лупењето на ова овошје, што не е така лесно, најчесто ја фрлаат кората, не знаејќи дека може да се искористи на најдобар можен начин.
Откако ќе завршите со јадење на овошјето, кората ќе ви се најде за правење вкусен чај, како и маска за лице.
Се што треба да направите е да ја исушите кората во рерна и потоа добро да ја сомелете.
За правење чај ќе ви треба филтер кесичка во која ќе го ставите мелениот прав и потоа ќе го прелиете со вода.
Додека пак, ако сакате да направите маска за пилинг за вашето лице, треба да го одделите правот од кората од калинката и да додадете малку вода, па добро да измешате и готово, маската е спремна за употреба.
Како изгледа во пракса, погледнете го видеото ОВДЕ.