Холивудскиот актер и ѕвезда на филмовите на Марвел, Џереми Ренер, се опоравува откако се здоби со повреди во несреќа во текот на викендот.
Имено, актерот сега сподели фотографија од болничкиот кревет и конечно е откриено во каква состојба е.
Половина од лицето на Џереми е со модринки, но тој успешно закрепнува по страшната несреќа што го снашла.
– Ви благодарам на сите за убавите зборови. Премногу сум збунет за да пишувам во моментов, но на сите ви испраќам љубов“, напиша тој на Инстаграм.
Да потсетиме, Џереми на 1 јануари доживеа мистериозна несреќа додека го чистел снегот пред куќата, по што итно бил префрлен во болница. Неговиот PR во неделата рече дека актерот бил во „критична, но стабилна состојба откако се здобил со сериозни повреди во несреќа поврзана со временските услови додека го чистел снегот“.
Американските медиуми пишуваат и дека Ренер со хеликоптер бил пренесен во болница, а исто така изјавиле дека семејството во моментов е со него и дека ја добива најдобрата можна нега.