Избран најубавиот маж на светот: Сите велат дека ја заслужил оваа ласкава титула

popara5 јануари, 20231min00
superman-supermen-830x0 (1)

На крајот на декември, познатата заедница на критичари „TC Candler“ објави листа на 100 најубави лица во шоу-бизнисот. Кога се мажите во прашање, на прво место е Хенри Кавил, познатиот актер од Велика Британија.

Хенри ја однесе титулата маж со најубаво лице на светот, а се чини дека корисниците на социјалните мрежи, особено жените, се согласуваат дека таа отиде во вистински раце.

„Најдобар избор досега“, „Дали некој се сомнева во овој избор? Секако дека не!“, „Најубавото лице и се останато на него“, „Животот не е совршен, но Хенри Кавил е“, се само дел од коментарите на оваа вест.

На второ место е јужнокорејскиот музичар Хјанџин, на трето е актерот Тимоти Шаламет, додека на четврто е Крис Хемсворт, кој четврта година по ред успева да се најде на оваа ексклузивна листа.

Последен во топ 5 е пејачот од Хонг Конг и член на бендот Мирор, Канг Ту. Други на листата се актерот Идрис Елба, потоа Џејсон Момоа, бурманскиот модел и актер Пајн Такон и членовите на јужнокорејскиот бенд БТС – Џунгкук и В.

Овој 39-годишен актер, Хенри Кавил, на јавноста и е најпознат по улогите на Супермен и Гералт од Ривија во серијата „The Witcher“, а моментално е на листата на потенцијални кандидати за следниот Џејмс Бонд. Исто така, се погласни се шпекулациите дека, откако во октомври минатата година беше објавено дека тој повеќе нема да биде Супермен, тој ќе се пресели од универзумот на DC во Marvel.

Хенри дефинитивно е миленик на жените и ова не е првпат да биде прогласен за најдобар меѓу најдобрите. Британскиот „Glamour“ го прогласи за „Најсекси маж на светот“, а во 2013 година магазинот „Empire“ го стави на третото место на листата на 100 најсекси филмски ѕвезди за 2013 година.

Кавил е во врска со водителката Натали Вискузо од април 2021 година, а двојката својата романса ја потврди со романтични фотографии на Инстаграм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma