Кели Озборн и нејзиното момче, музичарот Сид Вилсон од групата Slipknot, станаа родители. Иако се обидоа да го скријат од јавноста доаѓањето на нивното прво дете, мајката на Кели, Шерон, се пофали со среќната вест гостувајќи во британското ТВ шоу The Talk.
Гордата баба изјавила дека Кели родила момче, кое го добило името Сидни по неговиот татко.
„Одлично им оди, навистина одлично. Таа не сака неговата слика да излезе и јас сум многу горда на неа“, рекла Шерон.
Нејзиниот потег изгледа ја налути нејзината ќерка, која следниот ден се огласи на социјалните мрежи со јасна порака. “Не сум подготвена да го споделам со светот. Не зависи од никој освен мене да споделувам информации за моето бебе”, напишала Кели.
Нејзината фрустрација не е изненадувачка, особено откако нејзиниот татко, легендарниот Ози Озборн, „брбореше“ за полот на бебето во септември.
„Тој им кажа на сите дека ќе имам момче пред да имам шанса. Јас само му реков: „Абе ајде, тато!“ бидејќи секој ден потпевнува песна и танцува со возбуда дека доаѓа момче“, признала Кели во интервју за Entertainment Tonight.