Кога почнуваме да живееме со некого, дури тогаш ги откриваме неговите вистински навики: Овие четири може да доведат до раскинување

popara7 јануари, 20241min00
676

Многумина веруваат дека никој навистина не познава никого додека не почне да живее со таа личност. И во право се.

Вселувањето во заеднички стан за многу парови, за жал, е првиот чекор кон раскинување. За среќа, на повеќето работи лесно се навикнувате, иако понекогаш е потребно време, но некои работи се тешки, а понекогаш е невозможно да се преминат.

(Не)хигиенски навики

Секој од нас прави нешто што на друга личност и изгледа едноставно незамисливо кога станува збор за хигиената. Жените често се шокирани од она што просечниот маж го смета за редовно туширање, а мажите се борат да ги идентификуваат сите производи што и се потребни на жената за да изгледа „природно“.

Начинот на кој спиеме

Повремено споделување на креветот е една работа, но постојаното будење и спиење покрај некоја личност е нешто сосема друго. Истражувањата покажуваат дека на повеќето луѓе им треба време да се релаксираат и да почнат да спијат покрај друга личност, исто како што спијат сами, и затоа нема ништо чудно во тоа што дури по вселувањето почнуваат да ги откриваат сите мали иритирачки навики што некој ги има додека спие. Клоцање, ‘рчење, месечарење и слично се само некои од нив.

Разбирање на личниот простор

Личниот простор е многу интересна категорија – на некои луѓе им треба многу, на некои помалку, а некои воопшто не разбираат што значи тоа. Ова е еден од најголемите проблеми при започнувањето на заедничкиот живот, бидејќи доколку има нееднаквост во потребите и разбирањето на личниот простор, караниците се неизбежни.

Чудни хобија и навики

Сите можеме многу добро да ги скриеме нашите мали, чудни хобија и навики кога живееме сами, но штом ќе почнеме да делиме простор за живеење со некого, прашање на време е кога сè ќе излезе на површина. Некои од овие работи може да бидат слатки и симпатични, а некои од нив може да доведат директно до раскинување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag