Кајли премина на мрачната страна? Избелени веѓи и темно моливче околу очите

popara6 јануари, 20231min00
f_27510973_1280

Медиумската мегаѕвезда Кајли Џенер се појави на Инстаграм со тренди избелени веѓи и очи врамени со црн молив, на усните нанесе nude кафеав кармин и розово руменило на образите. Не може да се каже дека сопственичката на Kylie Cosmetics не знае што прави, бидејќи додаде драматичен гламур на нејзиното малку вонземско лице со два брановидни прамени кои се спуштаа по нејзиниот десен образ.

image

Таа носеше црн тексас комбинезон без прерамки, истакнувајќи ја мазната кожа и совршениот темен тен. А заедно со две атрактивни фотографии од автомобилот, таа го објави и мудрото прашање „Каде одиме?“.

Иако Кајли со ова „вселенско“ секси издание брзо собра околу три милиони лајкови на Инстаграм, сепак не ја доби целосната поддршка од своите следбеници. Многумина ја повикаа да побрза во козметичкиот салон и да ја врати претходната боја на веѓите, а некои посакаа никој никогаш повеќе да не ги „избели“ веѓите.

image

Кајли продолжува со темните тоалети во стилот на Wednesday Addams, откако покажа серија шик темни комбинации за време на празничната сезона. Elle пишува дека Кајли веќе некое време негува секси панк-шик естетика. Претходно таа објави и серија фотографии на кои позира од глава до пети во црно, во издание кое јасно е инспирирано од The ​​Matrix – во долго кожено палто, боди со качулка, проѕирни хеланки, шпицести потпетици и очила за сонце.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma