Иако ја продава таа куќа, ќе ја задржи вилата „Thousand Oaks“ што ја купи во 2015 година за 7,5 милиони долари
Пејачката Бритни Спирс и нејзиниот сопруг, моделот и тренер Сем Ашгари, се преселија во луксузна вила што ја купиле за 11,8 милиони долари откако се венчаа во јуни 2022 година, а сега ја продаваат, пишува „TMZ“.
Куќата од 1.000 метри квадратни што Бритни и Сем ја продаваат е во истиот дел од градот каде што живееле нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн и нивните синови Шон (17) и Џејден (16).
Извори блиски до Бритни велат за „TMZ“ дека едноставно не и се допаднал нејзиниот нов дом и дека планира да го продаде во 2023 година.
Иако ја продава таа куќа, ќе ја задржи вилата „Thousand Oaks“ што ја купи во 2015 година за 7,5 милиони долари.
Токму во оваа вила има дневна соба во која Бритни сними многу видеа од нејзините танцови кореографии, кои брзо се ширеа на социјалните мрежи.