НАПРАВЕТЕ ДЕКОРАТИВНИ СВЕЌНИЦИ! Бидете уникатни за празниците (ФОТО)

popara6 јануари, 20231min00
644104_candles-g54117a71e-1920_f

Слободното време поминувајте го креативно во постудените денови. Ви носиме неколку предлози за изработка на украсни свеќници, а секако ќе ви бидат од корист за свечени пригоди

Покрај тоа, овие уникатни предмети можат да бидат убав подарок со кој ќе ги израдувате вашите пријатели. Погледнете неколку предлози за правење украсни свеќници со малку фантазија.

  1. Годишните времиња низ стакло

Направете свеќници во стаклени тегли во кои ќе се прелеваат боите на украсните растенија и миризливите плодови. Направете дупка во капакот на теглата и провлечете го фитилот низ него за да стигне до дното на теглата. Во теглите ставете украсни билки, шишарки, костени, борови гранки, агруми, билки… Прелијте со маслиново масло, провлечете го фитилот до дното и затворете ја теглата. Запалете го фитилот. Кога маслото ќе изгори додадете уште.

  1. Свеќи во кафе

Подгответе неколку украсни керамички чинии и печени зрна кафе. Само ставете ги свеќите во чиниите со зрна кафе и наредете ги на масата. Запалете ги кога ќе дојдат вашите пријатели и ќе почувствувате мирис на кафе.

  1. Мирис на лаванда

Повеќето од вас го сакаат мирисот на лаванда, а цветовите на ова растение најдобро ќе го разнесат својот мирис ако ги искомбинирате со свеќа. Во сад ставете исушена лаванда и ставете ја свеќата. Запалете ја и ќе видите како во собата ќе доминира нежниот мирис на лаванда.

  1. Цветна магија

Во чаша ставете цвеќиња или само неколку ливчиња, а потоа залепете ги со украсна самолеплива лента. Ставете свеќа во чашата и на тој начин ќе создадете магија со играта на светлината.

  1. Декорација со лимон

Земете тесни чаши и ставете помали лимони во нив. Додадете вода и ставете свеќа на врвот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma