Чизкејк топчиња: Најлесниот рецепт за вкусен десерт од само 4 состојки

popara7 јануари, 20231min00
62060516-cheesecake-kuglice

Чизкејкот е омилен десерт на многу дами ширум светот. Тоа е многу флексибилен десерт кој одлично оди со шумско овошје, јаткасти плодови и чоколадо. Најдобро од се? Има и верзии без печење во рерна кои многу лесно се подготвуваат во вашиот дом.

Ви нудиме рецепт за наједноставниот чизкејк во форма на топчиња, каде најтешката задача е чекањето да се стегнат во фрижидер и да бидат спремни за консумирање.

Состојки:

200 грама намаз со сирење
100 грама мелени бисквити
25 грама шеќер во прав
бело чоколадо за прелив

Подготовка:

Намазот извадете го од фрижидер околу половина час пред подготовката за малку да омекне.

Измешајте го со шеќер додека не добиете мазна, еднолична смеса.

Мелените бисквити измешајте ги со кремот. Можете да си изберете различни видови – од прстени за чај до бисквити, кои вообичаено би ги користеле за подготовка на чизкејк.

Смесата се става во фрижидер најмалку еден час да се стегне.

Изладената смеса поделете ја на помали топчиња. Ставете ги во замрзнувач од половина час до еден час.

Белото чоколадо растопете го на пареа или во микробранова печка, па прелијте го врз изладените топчиња чизкејк. Вратете ги топчињата во замрзнувач да се стегне целосно чоколадото, а потоа ставете ги во кутија и чувајте ги во фрижидер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma