Џастин Бибер освен по песните е познат и по препознатливиот стил на облекување. Исто како и Били Ајлиш, така и Бибер овој пат се одлучи за необичен моден додаток – ќебе!
Пејачот, завиткан во ќебе како што имале нашите баби и неговата сопруга, манекенката Хејли Бибер, заедно вечерале во јапонскиот ресторан „Суши Парк“ во Западен Холивуд.