Божиќен колач: Рапсодија на вкусови од суво овошје (РЕЦЕПТ)

popara5 јануари, 20241min00
Screenshot_2

Направете вкусен божиќен колач

 

 

 

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. брашно
  • 300 гр. суво овошје (суво грозје, кајсии, урми, смокви…)
  • 100 гр. бадеми и ореви
  • 100 гр. кандирана овошна кора
  • 200 гр. маргарин
  • 200 мл. млеко
  • 150 гр. шеќер во прав
  • 50 гр. мед
  • 50 мл. бренди
  • 1 лажица зачини ( кардамом, каранфилче и ванила)
  • 1 кесе квасец
  • малку сол

 

 

ПОДГОТОВКА:

Се сече ситно сувото овошје и се прелива со брендито, па се остава така да впие неколку часа.

Се загрева млекото и се ставаат 2-3 лажици брашно, мед и квасец и се остава да се активира.

Се сее другото брашно и се додаваат сол и зачини. Се прави дупка на средина и се става млекото, па се додава исечениот маргарин и се меси да се добие меко тесто.

Се додаваат исечените плодови суво овошје исцедени, па се остава тестото да нарасне.

Кога ќе нарасне двојно се премесува и се прави колач кој се става на хартија за печење.

Се остава уште еден час да нарасне.

Се пече на загреана рерна на 180 степени додека не порумени, а кога е готов додека е топол се премачкува со растопен маргарин и шеќер во прав.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag