За да се излечи или барем да се ублажи хроничниот умор, важно е да ги смениме животните навики и да се храниме поздраво, да се занимаваме со физичка активност што нѐ опушта, да легнуваме порано и слично.
Дека е време за промена, телото само ќе ви каже – ова се пет симптоми на хроничен умор што не смеете да ги игнорирате.
- Не можете да заспиете или често се будите ноќе
Околу 80 проценти од луѓето кои страдаат од хроничен умор имаат проблеми со спиењето. Ова може да се манифестира како неможност да заспиеме, а кога конечно ќе потонеме во сон, се будиме многу лесно среде ноќ. И кога се будиме наутро, честопати се чувствуваме како воопшто да не сме спиеле. Дури и кога ќе ги отспиете препорачаните 7-8 часа, не се чувствувате наспани.
- Тешко се концентрирате
Луѓето претпоставуваат дека единствениот симптом на хроничен умор е постојаното чувство на умор, но има и други знаци како што се честа заборавност, тешкотии да се концентрирате и честата појава на работи кои лесно нè одвлекуваат од тоа што го работиме. Луѓето со хроничен умор го опишуваат ова чувство како да се постојано опкружени со густа сива магла, како мозокот да им е исто толку уморен како и телото.
- Се чувствувате исцрпено по секоја активност
Без разлика дали станува збор за прошетка или следење на онлајн состанок со колегите и шефот, по кое било ниво на физички или емоционален стрес, се чувствувате како да сте биле во војна. Ако вашето тело или ум се изложени на најмал напор, се чувствувате целосно исцрпени.
- Тешко ви е да застанете на нозе
За луѓето кои страдаат од хроничен умор и стоењето на нозе може да биде тешко. Симптомите на хроничен умор се многу поизразени кога стоите, отколку кога лежите. Експертите веруваат дека луѓето со синдром на хроничен умор доживуваат состојба наречена ортостатска нетолеранција во која протокот на крв во мозокот ослабува кога стојат исправено.
- Чувствувате болка по целото тело
Хронични главоболки, болки во зглобовите, болки во мускулите, па дури и болки во грлото што не поминуваат може да бидат знаци на хроничен умор. Често нема црвенило или оток – едноставно чувствувате болка што може да се прошири длабоко во мускулите и зглобовите.