Трикови за отстранување дамки: Пена за бричење за дамки пудрa

popara23 март, 20231min00
Screenshot_7

Понекогаш малите речиси незабележливи дамки можат целосно да го уништат изгледот на облеката, но едноставно не сакате да ја фрлите, бидејќи без таа дамка, сè е во ред со нив.

 

 

 

Неколку трикови по кои облеката нема веднаш да ја фрлите, туку ќе се обидете да ја отстраните дамката која го уништила нејзиниот изглед:

 

  1. Дамки од пот

Направете паста од една лажица вода и три лажици сода бикарбона и мешајте додека целата смеса убаво не се соедини.

 

Нанесете тенок слој на областа каде се наоѓа дамката. Употребете четка за заби за убаво да ја истриете пастата на облеката и оставете ја да отстои еден час. Ако дамката сè уште се забележува, оставете ја да отстои и преку ноќ.

 

Измијте ја облеката со максималната температура на која може да се мие. Некои дамки може сè уште да се познаваат, но по неколку пати повторување на постапката, можете да ги отстраните и најтврдокорните дамки.

 

  1. Дамки од пудра за лице

Овие дамки не можете лесно да ги отстраните, но можете да употребите две ефективни методи: пена за бричење или средство за миење на садови.

 

  1. Заглавен патент

Како за вториот, така и за овој проблем, постојат две решенија. Ако имате дома мрсни или графитни боички, кои треба да ги нанесете на делот каде е заглавен патентот.

 

Ако боичките не ви помагаат, употребете сапун или гел за миење на раце.

 

  1. Топчиња памук од самата облека

Постојат многу начини како можете да се ослободите од топчињата. Еден е да употребите жилет, скалпел, леплива трака за облека, пластичен чешел или електричен брич.

 

  1. Дамки од дезодоранс

Обидете се со омекнувач за облека, така би требало веднаш да ја отстраните дамката, ако овие дамки постојано ви се појавуваат, најдобро би било да го смените дезодорансот.

 

  1. Дамки од кармин

Постојат неколку начини како можете да ги отстраните дамките од кармин.

 

Со средство за миење на садови

 

Проверете на која температура и дали може да се пере парчето облека, а потоа на него ставете сјај кој ќе стои 10 до 15 минути и веднаш потоа ќе ја ставите облеката да се пере во машина за перење на облека.

 

Алкохол

 

На памук ставете медицински алкохол, парчето облека од спротивната страна на дамката натопете го во вода, а од другата страна втријте го медицинскиот алкохол на местото каде се наоѓа дамката од кармин.

 

  1. Дамки од перење на облеката

Може да ви се случи да измешате неколку бои на облека додека ги перете и потемните да остават дел од својата боја на посветлите. Ова не е страшно. Најнапред, одвојте ги по боја и обоените парчиња ставете ги одново да се перат. Пред тоа наполнете ја машината со жешка вода и малку обелувач. Оставете истиот во едно вртење да ја заврши својата работа.

 

  1. Дамки на превртена кожа

Најнапред важно е да за ја заштитите превртената кожа да нанесете заштитен спреј на почетокот пред да почнете да ги носите.

 

Овој материјал мора често да го проветрувате.

 

Ако овој материјал се намокрил, избришете го делот со крпа и ставете бебешка пудра.

 

Ако сакате да избришете суви дамки, употребете мала количина на оцет и сува крпа.

 

Не ги чистете со вода, бидејќи водата ја уништува и текстурата и бојата на овој материјал.

 

  1. Оштетување од вода на кожни материјали

Кожниот материјал избришете го со сува крпа. Напрскајте неколку капки вода и течен сапун на сува крпа. Крпата искористете ја за да ја избришете областа која била намокрена со вода и оставете ја кожата природно да се исуши на воздух 30-на минути.

 

  1. Избледена бела облека

Измешајте 4l вода и 250ml сода бикарбона. Оставете сода бикарбоната целосно да се раствори во водата и оставете ја облеката да отстои 8 часа во смесата.

 

Додадете една таблета аспирин во 8l жешка вода и оставете ја облеката во неа цели 8 часа.

 

Потоа исперете ја облеката на температура од 50 степени и ќе биде како нова.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma