Поопасно е отколку што мислите: Што се случува со вашата кожа ако користите шминка со поминат рок?

popara10 јануари, 20231min00
Beautiful,Girl,With,Cosmetic,Powder,Brush,For,Make,Up.,Makeup.

Обрнете внимание на рокот на траење на шминката

На многу луѓе им се случува да видат нова маскара која навистина им се допаѓа додека разгледуваат низ продавниците и парфимериите.

Во следните неколку недели новата маскара станува омилена шминка, без која никогаш не го напуштате домот, додека старата, истрошена, останува и не се користи.

Да ја заборавите старата шминка е донекаде во ред, бидејќи е нормално да ви здодее, но целосното занемарување, а потоа повторното користење може да има многу лошо влијание врз вашето здравје и изглед.

Се прашувате зошто?

Шминката и намирниците кои ги користите во исхраната природно функционираат на ист начин, односно имаат рок на траење.

Кога станува збор за маскарата, маскарата со поминат рок не само што ќе предизвика грутки и нерамномерно нанесување. Целта на трепките е да ве заштитат од бактерии кои можат да влезат во вашето око, а кога користите маскара со поминат рок, тие бактерии ги собирате со четката и ги ставате во тубата.

Карминот со истечен рок може да предизвика иритација и чешање на вашите усни.

Ајлајнерот може да предизвика иритација на очите, која ќе се манифестира преку црвенило, чешање и потенцијален оток.

Доколку користите пудра или руменило кои не се соодветни за употреба, ги затворате порите на лицето со расипано масло кое се наоѓа во овие препарати, што доведува до создавање на мозолчиња.

Како што можете да видите, невниманието и занемарувањето на оваа многу важна работа може да создаде проблеми на лицето. За жал, овие проблеми можат да бидат уште поголеми, па користењето шминка по истекот на рокот може да предизвика разни инфекции на очите и конјунктивитис.

Точно е дека на повеќето производи не пишува рок на траење, но тоа го претставува мала ознака, на која го има бројот на месеци, по отворањето, во кои конкретниот производ може да се користи без никаков ризик. Ако, на пример, на пакувањето е напишано 12М, тоа значи дека препаратот може да се користи 12 месеци.

Моливчето за очи и маскарата се подложни на расипување и сушење, па затоа се препорачува, поради чувствителноста на областа на која се нанесуваат, да се менуваат на секои 3 до 6 месеци.

Од друга страна, пудрата, бронзерот и руменилото се поисплатливи и со соодветно чување можат да траат и до 2 години.

Препаратите на база на вода, како коректор или кармин, можат да траат и до една година. Сенките може да се користат и до три.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag