На 21-ви јануари почнува годината на зајакот: Еве што ви носи и како да го искористите максимумот, и финансиски и емотивно

popara12 јануари, 20231min00
happy-chinese-lunar-year-ga26ddbf9d1920-830x0

Зајакот е симбол на долговечност, мир и просперитет во кинеската култура

Годината на тигарот официјално завршува на 21-ви јануари и започнува годината на зајакот. Тигарот, според кинеската астрологија, значи дека 2022 година била година на сила, виталност и раст.

А сега, според кинеските астролози, треба да имаме помирна и похармонична година пред нас.

Бидејќи зајците се многу попитоми во споредба со тигрите, може да очекувате дека 2023 година ќе биде многу помирен период од 2022 година.

Што претставува Годината на зајакот?

Кинескиот календар има 60-годишен циклус со 12 земни гранки, од кои секоја претставува животно и петте елементи дрво, оган, земја, метал и вода. Овогодинешниот елемент е водата, што значи дека работите ќе бидат пофлуидни.

Доколку сте навикнати строго да ги планирате работите, оваа година треба да дозволите работите да тргнат по својот тек.

Зајакот е најсреќниот од сите 12 животни во кинескиот зодијак. Може да очекувате оваа година да донесе просперитет, надеж и смиреност. Додека 2022 беше „јанг“ година, т.е беше турбулентна, 2023 ќе биде „јин“, поточно попасивна.

Ќе има моменти за размислување, одмор и обнова. Зајците се понежни, но се и агилни и лукави. Па, во 2023 година ќе можете брзо и промислено да се движите низ животот и предизвиците, избегнувајќи ги стресот и опасностите.

Годината на зајакот исто така ќе ви помогне лесно да надминете одредени препреки и да ги достигнете своите цели.

Како максимално да ја искористите годината на зајакот?

За успех во кариерата и финансиски, препорачливо е да се преземе акција на почетокот на годината, особено во февруари.„Семињата“ кои ги „садиме“ на почетокот на годината се тие што даваат плод подоцна, затоа почнете да работите на работите што ги сакате.

За да видите подобрување кога станува збор за љубовта, прифатете ја милата природа на зајците со тоа што ќе си признаете што навистина сакате од вашиот партнер. Годината на зајакот ќе ги зајакне врските, па не плашете се да инвестирате во меѓучовечките односи, пишува „Yahoo“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma