НАПОЛНЕТЕ ГИ БАТЕРИИТЕ ЗА 10 МИНУТИ Кога сте уморни, овој трик ќе ви даде брзо зголемување на енергијата

popara14 јануари, 20231min00
Screenshot_5

Ужасно сте исцрпени, а ве чекаат куп обврски што мора да ги завршите? Ова не е лесен проблем, но може да го решите со стоперка или кујнски тајмер.

 

 

 

 

Ако страдате од хроничен умор, вие сте во уште потешка ситуација.

 

Хроничниот умор го отежнува помнењето, ја ослабува концентрацијата, предизвикува несоница и разни проблеми што може да се одразат на општото здравје.

 

Сепак, има една техника што може да ви помогне да го совладате уморот кога едноставно не можете да ги оставите обврските.

 

Оваа техника ја развил Франческо Сирило во 80-тите години на минатиот век.

 

Со користењето на тајмер (може да го користите алармот на мобилниот телефон), се разбива работата во интервали што обично траат околу 25 минути, а потоа следи кратка пауза за одмор.

 

Ако ја завршите предвидената работа, или материјалот за учење, пред истекот на 25-те минути, поминете го уште еднаш тоа што сте го работеле.

 

За време на паузата навистина одмарајте и не се концентрирајте на работата, туку искористете го тоа време да легнете, да се истегнете, да се раздвижите или да излезете на воздух.

 

На овој начин ќе ги завршите обврските побрзо и со помалку стрес, а и нема да се чувствувате толку исцрпено и уморно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma