Дали сланината е здрава? Добрите и лошите страни на омилениот деликатес

popara25 декември, 20241min00
Screenshot_17

Доколку сакате да јадете сланина, веројатно ви е преку глава од експертите кои велат дека не треба да се доближувате до оваа храна. Некако, со текот на времето, сланината е класифицирана како „лоша“ храна, но според експертите тоа не е баш така, бидејќи оваа храна има лоши, но и добри страни.

 

 

Еве што да очекувате ако јадете сланина и што е важно да знаете.

 

Внесувате многу сол

 

Сланината содржи многу сол, што не значи дека воопшто не треба да ја јадете, но имајте го тоа на ум, за да внимавате на количината. Четири малку подебели парчиња сланина во просек содржат околу 880 милиграми натриум, што е околу 40 отсто од препорачаната дневна доза за возрасни.

 

Прекумерното внесување сол го зголемува ризикот од срцеви заболувања, оштетување на бубрезите и остеопороза.

 

Ќе внесете витамини и минерали

 

Сланината не е само маст, како што мислат многумина. Всушност, содржи пристојна количина на витамини и минерали, а доколку е дел од добро балансирана исхрана, ќе ви помогне да ги внесете потребните хранливи материи.

 

Сланината, како и многу производи од месо, е добар извор на витамини од групата Б, кои се важни за функцијата на клетките и помагаат да се претвори храната во енергија.

 

Покрај тоа, содржи фосфор и селен, од кои првиот им помага на бубрезите да ги филтрираат токсините, ги зајакнуваат коските и забите, а вториот му обезбедува на телото антиоксиданси кои помагаат да се ублажат ефектите на слободните радикали врз клетките. Сланината содржи и калиум, кој меѓу другото е важен за коските и мускулите, но и за кардиоваскуларното здравје.

 

Внесувате нитрати

 

Нитратите се супстанции кои се состојат од кислород и азот и природно се наоѓаат во некои намирници и во човечкото тело. Сепак, во некои намирници се додаваат за да траат подолго, а кога се загреваат го менуваат составот и стануваат потенцијално лоши за здравјето.

 

Внимавајте на заситените масти

 

Кога ќе изедете четири дебели парчиња сланина, ќе консумирате околу осум грама заситени масти, што е приближно 40 проценти од препорачаната дневна доза. Овој тип на маснотии го зголемува ризикот од срцеви заболувања, па затоа не е многу паметно да се јаде премногу често сланина.

 

Содржи и здрави масти

 

Од друга страна, сланината содржи и поздрави масти – околу половина се мононезаситени масти, а половина од тоа доаѓа од олеинската киселина, која е добра за срцето. Уште 10 проценти од мастите во сланината се полинезаситени масти, кои вклучуваат омега-3 масни киселини.

 

И мононезаситените и полинезаситените масти помагаат да се намали лошиот холестерол и да се обезбеди добар холестерол.

 

Внесувате протеини

 

Кога ќе изедете околу 35 грама сланина, во тие 160 калории ќе добиете околу 12 грама протеини, што е прилично висока содржина на протеини. А ако земете неколку парчиња од оваа храна за појадок, ќе бидете сити подолго, токму поради овие протеини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag