ФАНОВИТЕ ВО ТРАНС! Ејдан се враќа во животот на Кери Бредшо

popara15 јануари, 20231min00
Screenshot_4

Старата љубов на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) од култната серија „Сексот и градот“ се враќа во нејзиниот живот во продолжението „And just like that…“

 

 

 

За сите оние кои во минатото навиваа за Ајдан (Џон Корбет) и Кери, имаме добри вести, бидејќи тој се враќа во животот на познатата колумнистка по смртта на Ѕверка.

 

На официјалниот Инстаграм профил на серијата, како и на профилот на актерката Сара Џесика Паркер, се појавија фотографии од сетот, каде Кери и Ејдан шетаат фатени за рака.

 

Обожавателите на култното ТВ шоу „Сексот и градот“ не можат да се воздржат, а на мрежите не го криеја својот голем ентузијазам.

Да потсетиме, Кери живееше прво со Ејдан, но љубовта кон Ѕверка победи, па се омажи за него при вториот обид. Меѓутоа, бидејќи Ѕверка почина од срцев удар во новото продолжение на серијата, Ајдан, кој исто така беше оженет, се врати во животот на Кери Бредшо.

 

Многумина нетрпеливо ја чекаат втората сезона од серијата „And just like that…“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma