И дефинитивно: Тони Блер виновен за војната во Ирак!

popara2 август, 20111min00
Tony Blair Speaks At The 2009 Climate Week Kickoff - New York

Поранешниот британски премиер Тони Блер го очекуваат остри критики поради официјалната истрага направена за војната во Ирак, каде што тој одиграл клучна улога во вовлекување на Велика Британија во еден од најголемите светски политички неуспеси во модерната историја.
Поранешниот прв човек на Британската влада, според добро информирани извори блиски на истрагата на Сер Џон Чилкот, ќе биде одговорен за четири големи недостатоци.
Блер е виновен за лажно тврдење дека Садам Хусеин поседувал оружје за масовно уништување. Исто така е виновен за тоа што не ја известил британската јавност за тајниот договор кој го имал со Џорџ Буш за влегување на Британија во војната во Ирак. Виновен е затоа што Владата ја држел во политички мрак,  и што не успеал да спроведе план со кој ќе се избегнел хаосот во поствоениот Ирак.
Во извештајот, кој треба да биде готов оваа есен, покрај Блер критики би можеле да очекуваат и поранешниот министер за надворешни работи Џек Строу и спин мајсторот Алистер Кембел.
Блер во својот говор пред истражната комисија изјавил дека не жали за војната во Ирак. Сепак, тој признал дека погрешно го разбрал досието на  Кембел каде било наведено дека Садам Хусеин бил во можност во рок од 45 мин. да лансира оружје за масовно уништување.
Во војната во Ирак, според британски извори загинале 179 британски војници , и помеѓу 100.000 и 650.000 ирачани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma