Кејт Винслет го воодушеви светот: Несигурна новинарка дошла со неа на интервју, следеле зборови кои сите ги изненадија

popara18 јануари, 20231min00
shutterstock109671110-830x0 (1)

Познатата холивудска актерка Кејт Винслет ја воодушеви светската јавност со гест кон млада новинарка, а видеото од нејзиниот чин стана вирално на социјалните мрежи.

Винслет моментално го промовира својот нов филм како гостинка во бројни емисии, а неодамна даде интервју по тој повод за германската телевизија ZDF.

Тогаш дозна дека на младата новинарка Марта ѝ е прво интервју во кариерата, а иако сме навикнати на тоа дека ѕвездите се главно арогантни и често непријатни, она што го направи актерката кога го слушна тоа го воодушеви целиот свет.

Имено, таа ја охрабри младата новинарка и со насмевка и се обрати со зборови полни со нежност.

– Прв пат го правиш ова? Па, знаеш што, кога ќе го направиме ова интервју, ќе биде најдобриот разговор досега – и знаеш зошто? Затоа што решивме дека така ќе биде. Штотуку решивме, јас и ти, дека ова ќе биде фантастично интервју. Можеш да ме прашаш што сакаш и не се плаши, се ќе биде неверојатно – рекла актерката и со ова го воодушеви светот.

Снимката од овој разговор брзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето ја пофалија Кејт, посочувајќи дека на овој начин покажала како треба да се однесува вистинска ѕвезда.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma