Идеално послужување за гости
Состојки:
300 гр кисела павлака
230 гр мелени бисквити
150 гр кондензирано млеко
2 лажици карамел фил
Подготовка:
Во сад измешајте ја слатката павлака, кондензираното млеко и филот со карамел. Матете со жица додека смесата не се соедини, но да остане густа. Потоа полека додадете ги мелените бисквити и сето тоа убаво измешајте го, па оставете го во фрижидер 2 часа. Потоа обликувајте топчиња и декорирајте со рендано или стопено чоколадо.
Пријатно!