СЕЛМА ХАЈЕК БЕШЕ МОЈАТА ПРВА СИМПАТИЈА! Познатиот актер призна нешто што никој не го знаеше

popara21 јануари, 20231min00
203970_ccc_f

Актерот Ченинг Тејтум, кој наскоро ќе го гледаме во филмот „Последниот танц на Волшебниот Мајк“, откри зошто Селма Хајек е избрана за главна женска улога.

Тој даде ексклузивно интервју за „Vanity Fair“ во кое зборуваше за деталите од филмот.

– Мислам дека би било шовинистички да се сними филм за јакнењето на жените и да нема жена која со својот силен карактер ги инспирира другите жени – рече Тејтум, додавајќи дека Селма Хајек е создадена за улогата на Максандра Мендоза, моќна богаташка која по разводот бара нова животна насока.

Актерот кој ги полуде жените ширум светот откри и дека Селма била една од неговите први симпатии.

– Мислам, таа беше една од моите први симпатии – рече тој.

Накратко се осврна на неговата улога како татко и истакна дека родителството му помогнало да сфати колку светот е суров за жените.

– Дури откако се роди, почна да ме плаши фактот дека светот е опасно место за жените. Кога ќе станеш татко на девојче, сфаќаш колку тие можат да бидат ранливи – изјави актерот.

Инаку, Ченинг Тејтум ја доби ќерката Еверли Тејтум во бракот со Џена Деван.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma