Супер овошје: Сливите го чистат организмот, го чуваат видот и ги зајакнуваат коските

popara21 јануари, 20231min00
Fresh plum halves

Сливите се полни со растителни влакна, а кога се сушат помагаат во ублажување на запек

Сливите се всушност од исто семејство како кајсиите, праските и нектарините, но тука завршуваат сличностите. Тие нудат многу повеќе разновидност кога станува збор за нивниот состав од кое било друго коскесто овошје.

Сливите можат да бидат виолетови, жолти, портокалови и црвени, а можат да бидат и со различни големини, но сите се здрави. Пред илјадници години, сливите за прв пат биле одгледувани во Кина. Оттаму биле пренесени во Јапонија, САД и одредени области на Европа. Денес, постојат повеќе од 2.000 сорти на сливи што се одгледуваат низ целиот свет.

Витаминот Ц кој се наоѓа во сливите му помага на вашето тело да изгради мускули, да формира крвни садови, да се опорави, а исто така е добар и за вашите очи. Според една студија од 2010 година, учесниците кои пиеле сок од сливи и јаделе сливи имале понизок крвен притисок од контролната група која не консумирала сливи.

Антоцијаните – кои всушност се црвеникаво-синиот пигмент во сливите – можат да помогнат во отстранувањето на штетните слободни радикали.

Одлични се за варењето

Со околу 30 калории по просечен плод, сливата не само што е одлична ужина, туку помага и за задоволување на желбата за слатко. Имајќи го ова на ум, сливите можат да бидат идеални за оние кои се на диета или сакаат да го намалат внесот на калории.

Според студија спроведена од државните универзитети во Оклахома и Флорида, испитаниците кои јаделе сливи и земале додатоци на витамин Д и калциум значително ја подобриле густината на коските на ‘рбетот и подлактиците од групата која консумирала сушени јаболка и ги земала истите додатоци.

Сливите се полни со влакна, а кога се сушат, добро е познато дека помагаат во ублажување на запек. Една неодамнешна студија покажа дека група од 51 возрасен, од кои сите страдале од запек, доживеале олеснување на нивните симптоми откако почнале да консумираат сливи.

Истражувањето на Универзитетот Харвард покажа дека антиоксидансите можат да го забават развојот на Алцхајмерова болест. Полни со антиоксиданси, сливите содржат и антоцијани и кверцетин, кои се корисни за одржување на здравјето на мозокот.

Со 113 милиграми калиум во просечната свежа слива, ова овошје е одлична ужина која може да помогне да се намали ризикот од мозочен удар и да се намали крвниот притисок.

Според експертите за исхрана, нискиот гликемиски индекс на сливите може да помогне во контролата на шеќерот во крвта, што доведува до помал ризик од дијабетес тип 2.

Здрава мешавина на витамини и минерали

Сливите се нискокалорични и содржат најмногу јаглехидрати (9,6 грама на 100 грама), само 0,1 грам масти и 0,6 грама протеини на 100 грама овошје.

Тие исто така имаат здрава мешавина на витамини и минерали кои помагаат да се спречи згрутчување на крвта, да се справат со стресот, да се намали заморот, да се создадат здрави црвени крвни зрнца и севкупно да се поддржи имунолошкиот систем.

Сливите се природно богати со овошни шеќери кои телото брзо ги обработува за да добие енергија, но овој процес може да се забави доколку се јадат заедно со протеини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma