Една од трајните расправии меѓу мажите и жените е онаа за бројот на сексуални партнери што една жена ги имала пред него.
Секако, никој нема право тоа да ве праша, а уште помалку да ви зборува или да ве осудува поради тоа, сепак, таа бројка е важна.
Студија, која е спроведена на Универзитетот во Јута, покажала дека жените кои немале сексуални односи пред бракот или ги имале само со еден партнер – идниот сопруг, во споредба со другите жени, имаат помали шанси да се разведат во текот на првите пет години брак..
Николас Волфингер, истражувач, на блогот на Институтот за семејни студии објави дека „комплексната слика за поврзаноста помеѓу сексот и брачната стабилност отвора повеќе прашања отколку одговори“.
Ова е делумно затоа што жените кои имале точно два сексуални партнери пред бракот се разведуваат почесто од оние кои имале помеѓу три и девет.
– Накратко: ако вашиот (иден) сопруг ќе го споредите со други мажи, подобро споредете го со повеќе од еден – вели Волфингер.
Браковите во кои жените влегувале како девици имале стапка на развод од само шест проценти.