ПОЛНИ СО ХОЛЕСТЕРОЛ ИЛИ ОДЛИЧЕН ИЗВОР НА ПРОТЕИНИ? Еве што нутриционистката сака да знаете за јајцата!

popara22 јануари, 20231min00
494309_tamanna-rumee-p90xikfa-4-unsplash_f

Нутриционистката Марија Ѓурковиќ истакнува дека е точно дека јајцата се полни со холестерол, но дека не треба да се избегнуваат, баш напротив.

Нема сомнеж дека јајцата се една од оние намирници за кои често се дебатира дали се здрави или не.

Сепак, за нутриционистката Марија Ѓурковиќ нема дилема и го открива својот став за оваа вкусна намирница:

– Едно големо јајце има околу 5 g вкупни масти, од кои 1,6 g се заситени.

Точно е дека јајцата имаат холестерол, но научно е докажано дека заситените масти се првенствено одговорни за зголемување на холестеролот во крвта. Таканаречениот добар холестерол, кој се наоѓа во многу поголем дел во јајцата, игра значајна улога во правилното функционирање на нашиот метаболизам.

Кога на тоа ќе додадеме грст други нутритивни вредности на оваа храна, од кои високата биолошка вредност на протеинот е една од најзначајните, така што се зема како стандард при мерењето на квалитетот на протеините на другите намирници, и тогаш високата содржина на вредни витамини и минерали, доаѓаме до фактот дека јајцето е речиси совршена намирница.

Но, бидејќи таква титула не постои, да се задржиме на тоа дека јајцата се добредојдени во нашата чинија – истакнува нутриционистката и открива дека јајцата се всушност одличен извор на протеини, дека се хранливи и долго ве држат сити, како и богати со витамини А, Б6, Б12, селен итн.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma