Горе спремни за работа, долу за забава, така може да се нарече еден од најсмелите изгледи на Роберт Патинсон. Актерот направи чекор напред во начинот на облекување и се појави во здолниште на машката ревија на Диор во Париз.
Килт или здолниште, како и да го наречете тоа парче облека кај мажите секогаш предизвикува голем интерес, а британскиот актер го украде целото внимание на ревијата во Париз. Како заштитно лице на луксузниот бренд, тој ја следеше ревијата од првиот ред во друштво со ѕвезди, а на крајот прошета по пистата покрај главните лица на Диор.
Целата комбинација на Патинсон зрачи со дрскост. Кафеавата јакна од нејасен материјал е необично парче само по себе, под тоа топло лажно крзно се гледаше подеднакво топол елек. Темно сино твид здолниште. Роб имаше црни чизми и доколенки на нозете.
Роберт за прв пат беше виден во јавноста облечен во здолниште и иако таа облека може да биде вообичаена во Шкотска особено во свечени прилики, во остатокот од светот мажите кои ја носат оваа облека се ретки. Ретки, но беа таму – од деведесеттите, кога Курт Кобејн излезе на сцената во фустани и здолништа, до Вин Дизел, кој носеше кожено здолниште на музичките награди на Ем-Ти-Ви Европа во Единбург во 2003 година. Во здолниште често се појавуваше и шкотланѓанецот Џерард Батлер, односно килт. Бред Пит „ја откри летово“, на премиерата на филмот Bullet train и ја избра ленената верзија, а сега на ред е Патинсон.
Ова е повеќе од минлив тренд, можеме да го наречеме унисекс еднаквост, исто како и панталоните. Трендот полека но сигурно го зафаќа целиот свет, а судејќи според модните ревии за есен/зима 2023 година кои моментално се одржуваат во Европа – машките здолништа се нов, голем тренд.