Ким Кардашијан го бодреше синот Сеинт на кошаркарски натпревар, а за опуштен дневен настан, спортската облека ја искомбинира со елегантни чевли, колку и да изгледаат некомпатибилни.
Таа носеше широки сиви тренерки, како оној модел кој беше популарен во 90-тите. Ги носеше со бела маичка и пократка бела јакна. Бидејќи ретко каде оди без штикли, ги носеше и со овој спортски изглед.
Ја пушти косата да ѝ паѓа право, додека лицето го заштитува со големи очила.
Ким го дели синот Сент и три други деца – Норт, Чикаго и Псалм со поранешниот сопруг Канје Вест, од кој официјално се разведе во ноември. Поранешната двојка се венчаше во 2014 година на раскошна церемонија во Фиренца по три години врска, но објавија дека се разделуваат на почетокот на 2021 година.
Ким поднесе барање за развод во февруари 2021 година, по речиси седум години брак. TMZ откри дека Ким ќе добива 200.000 долари месечно за детска издршка, а исто така е договорено Ким и Канје да имаат заедничко старателство и „еднаков пристап“ до нивните деца.