Направете универзално средство за отстранување дамки: Ви требаат само 3 СОСТОЈКИ (РЕЦЕПТ)

popara17 јануари, 20241min00
Screenshot_5

Многумина од нас цел живот се обидуваме да пронајдеме некое универзално средство за отстранување на дамки од облеката, без да знаеме дека истото можеме да го направиме со сопствени раце во домашни услови.

 

 

 

Овој​домашен​препарат ги отстранува дамките од различно потекло и може да им конкурира и на најскапите купечки средства со иста намена.

 

Но што е најважно, без хемикалии кои би можеле да предизвикаат алергиски реакции.

 

 

Рецептот е многу едноставен, бидејќи се’ што е генијално, често е на дофат раце.

 

За приготвување на овој​домашен​отстранувач на дамки, ви се потребни само три состојки: вода,​сода​бикарбона и хидроген 3%.

 

Потребни состојки:

 

 

  • 1 чаша зовриена вода
  • ½ чаша​ сода ​бикарбона
  • ½ чаша хидроген 3% (од аптека)

 

 

Постапка:

 

1.Сода бикарбоната прелијте ја со зовриена вода.

 

 

2.Причекајте да се излади а содата целосно да се раствори, па тогаш додадете го хидрогенот.

 

3.Убаво промешајте па добиената течност префрлете ја во сад со распрскувач.

 

Вашиот отстранувач на дамки е готов!

 

Употреба:

 

1.Добро испрскајте ги дамките на сува облека и оставете средството да делува околу 5 минути.

 

2.Уште подобро, доколку дамките ги истриете со некоја стара четка за заби која ќе ја натопите во отстранувачот.

 

3.Ако дамките се тврдокорни или многу стари, тогаш добро истријте, оставете малку да отстои, исплакнете и повторете ја постапката уште 2-3 пати.

 

4.Вака третираните​алишта​со дамки исперете ги вообичаено, во​машина​или рачно.

 

Пробајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma