Направете полнет крап како од најдобрите рибни ресторани. Прелијте бело вино за посебен шмек.
Состојки:
за 8 лица
- 2,5 кг крап
- 1/2 китка магдонос
- 5 чешниња лук
- 1 дл масло
- 2 дл добро бело вино
- 1 дл вода
- сол
- бибер
Подготовка:
Исчистениот крап (без глава и опашка) засечете го на секои два сантиметри од двете страни. Сол и бибер по вкус.
Во засеците, како и во внатрешноста на рибата ставете ситно сечкан лук и магдонос.Во тава подмачкана со масло ставете го крапот и прелијте го со остатокот од маслото, виното и малку вода.
Покријте со алуминиумска фолија и печете на 200 степени половина час. Потоа извадете ја фолијата и печете уште половина час.