Ријана номинирана за Оскар: Настана скандал, фановите тврдат дека Тејлор Свифт повеќе го заслужува

25 јануари, 20230
oskar-1-830x0

Денеска беа објавени долгоочекуваните номинации за 95-тото доделување на Оскарите кое ќе се одржи на 12 март во Долби театарот во Холивуд, а меѓу шесте номинирани за најдобра музика се најде и една од најголемите ѕвезди на денешницата, Ријана.

Познатата пејачка од Барбадос е номинирана за песната „Lift Me Up“ од филмот „Black Panther: Wakanda Forever“.

Објавена во ноември, песната е првата оригинална композиција на Ријана по неколку години, а пејачката ја напиша песната заедно со режисерот Рајан Куглер, композиторот оскаровец Лудвиг Горансон и нигериската пејачка Темс.

Меѓу номинираните е и Лејди Гага, поранешна победничка во оваа категорија за „Ѕвездата е родена“, а иако многумина очекуваа дека пејачката Тејлор Свифт ќе ја добие првата номинација за најпрестижната филмска награда, сепак тоа не се случи.

Овој потег на Академијата за филмски науки и уметности ги налути агресивните фанови на поп ѕвездите.

Композицијата на Свифт за „Carolina“ од „Where the Crawdads Sing“ оваа сезона беше номинирана за наградите на изборот на критичарите, Златните глобуси и холивудските музички награди во медиумите. „Carolina“ беше номинирана и за Греми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi