Лесен трик за дезинфекција на кујнскиот сунѓер

popara7 јануари, 20241min00
Screenshot_2

Кујнските сунѓери се полни со опасни бактерии, а нивното чистење со средство за миење садови и топла вода не е доволно за овие штетници да се уништат, туку тие и понатаму остануваат да се размножуваат.

 

 

 

 

Доколку верувате дека после миењето садови вашиот сунѓер останал чист, тогаш сте во голема заблуда. Филип Тиерно, микробиолог и патолог од Њујорк, предупредува дека сунѓерите за садови всушност се многу нечисти и опасни по здравјето, затоа што во себе содржат ситни остатоци од храна која што се наоѓала на садовите. Тоа води кон размножување на бактериите во сунѓерот, што е совршено место за нив – таму имаат доволно храна, топло е и влажно, токму онака како што тие сакаат.

 

Затоа кујнските сунѓери се полни со бактерии како што се салмонела, ешерихија, листерија и други бактерии кои што може да предизвикаат цревни и кожни инфекции, кои може да бидат и посериозни. Тиерно вели дека не е доволно сунѓерите да се мијат само со топла вода и со средство за миење садови. Но, постои начин којшто ви гарантира дека ќе се ослободите од бактериите коишто живеат на вашиот сунѓер.

 

Трик за дезинфекција

 

За ова ви треба избелувач и вода, во размер 1:9. Потопете го сунѓерот во овој раствор и извадете го после 10 до 30 секунди (не заборавајте да ставите ракавици), па потоа исперете го со млаз вода. Дезинфицирајте го сунѓерот на овој начин, особено ако сте чистеле површини на кои што сте готвеле месо.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag