Многу лесно може да се ослободите од сексуалната монотонија, со помош на овие пет трикови.
Со текот на времето атмосферата во спалната соба може малку да замре, но со малку фантазија и добра волја, страста повторно може да се разбуди.
Посебно со овие неколку трикови:
- Подолга предигра, подобар секс
Неизвесноста е одличен афродизијак кој може да го подобри сексот. Доколку вистински сакате да уживате со партнерот, па и малку да го импресионирате, изненадете го со добра предигра.
Предиграта не почнува дури во креветот, може да почне кога сакате. Секси пораки во текот на денот, стриптиз во спалната соба додека лежи и ве гледа, секси долна облека, еротска масажа и слично, предиграта може да стане маратон.
- Секси долна облека
За да се чувствувате неодоливо секси треба да се чувствувате пријатно. Ако не сте горди на вашето разоткриено тело, купете долна секси облека која ќе ги прикрива критичните делови, а ќе го открива тоа што треба. Не заборавајте, самоувереноста е најдобриот афродизијак.
- Остварете ги сексуалните фантазии на партнерот
Сексуалниот живот може да го загреете со остварување на вашите и фантазиите на партнерот. Може да му кажувате што сакате да ви прави и што може да очекува. Дајте си време за нови работи што заедно ќе ги откриете.
- Секс на невообичаени места
Љубовниот живот може да стане повозбудлив ако имате секс на ново место. Заборавете на познатите територии и изнајмете хотелска соба или водете љубов на во јавност (ако сакате малку повеќе возбуда).
- Зачинете ги работите
Пробајте да слушате секси музика, еротично масло, превез на очи, коцки лед на кожата, секси играчки, порно филмови и така натаму.