ЈАПОНСКА ДИЕТА: Детален план за исхрана кој ќе ви помогне да ги изгубите вишокот килограми

popara27 јануари, 20231min00
3f51742aeaef20707d3b8caab209c0a026090d31

За 13 дена можете да изгубите дури осум килограми

Сезоната на веселби и прослави се уште е во тек, па можеби ќе помислите дека зимата е лош период за диета. Сепак, диетата можете да ја започнете кога и да ви одговара. Првите 2 до 3 дена може да бидат тешки, но после тоа, кога телото ќе се навикне, се оди без проблеми. Оваа диета може да биде и многу пријатна.

Намирниците кои се вклучени во оваа диета се достапни во текот на целата година, па може да се примени во секое време. Самодисциплината е клучот на успехот!

Прв ден (13-ти ден)

– Појадок: домашно кафе.

-Ручек: две тврдо варени јајца, салата од варена зелка со растително масло, чаша несолен сок од домати.

-Вечера: риба на скара или варена.

Втор ден (11-ти ден)

-Појадок: домашно кафе, парче црн леб.

-Ручек: печена или варена риба, салата од зеленчук или зелка со растително масло.

– Вечера: 200 гр варено говедско месо, чаша јогурт.

Трет ден (8-ми ден)

-Појадок: домашно кафе, двопек (од црн леб).

-Ручек: голема печена тиквичка, две средни јаболка.

-Вечера: 2 тврдо варени јајца, 200 грама варено говедско месо, салата од свежа зелка со растително масло.

Четврти ден (9-ти ден)

– Појадок: домашно кафе.

-Ручек: 1 ровко варено јајце, 3 големи варени моркови со растително масло, 15 грама тврдо сирење.

-Вечера: овошје по ваш избор.

Петти ден (10-ти ден)

-Појадок: голем свеж морков со сок од лимон.

-Ручек: голема варена или печена риба, чаша сок од домати без сол.

-Вечера: свежо сезонско овошје во која било количина.

Шести ден (14-ти ден)

– Појадок: домашно кафе.

-Ручек: половина мало, обарено пиле, салата од варена зелка или морков со растително масло.

– Вечера: две варени јајца, салата од мешан зеленчук.

Седми ден (12-ти ден)

– Појадок: чај без шеќер.

-Ручек: 200 гр варено говедско, овошје (сезонско до 200 гр).

-Вечера: изберете вечера од кој било ден освен третиот.

Како што можете да видите, распоредот на храната се повторува. Денот напишан во заграда го претставува денот на исхрана во кој го повторувате менито. Во деновите помеѓу, можете да јадете било што од наведените намирници.

Пред да започнете со оваа диета, консултирајте се со вашиот избран лекар. Исто така, доколку постои алергија на некоја од наведените намирници, најдобро е да пробате друга диета.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma