Уште една ОДМАЗДА на Шакира? Се шпекулира дека ќе му го загорчи специјалниот ден на Пике, еве што испланирала

popara28 јануари, 20231min00
45177_shutterstock-184651709_f

Шакира подготвува специјален подарок за роденденот на своето поранешно момче Жерар Пике.

Шакира (45) се уште не е подготвена да му прости и да го заборави Жерар Пике (35), за тоа што ја изневери со 23-годишната студентка Клара Чиа Марта.

Се вели дека пејачката подготвува уште една одмазда за фудбалерот, а овој пат ја инспирирала Мајли Сајрус која на својот поранешен сопруг Лијам Хемсворт за неговиот 33-ти роденден на 13-ти јануари му ја „сервираше“ песната „Flowers“. Како што пишуваат шманските медиуми, Шакира планира да објави нова песна на 2-ри февруари, кога Жерар ќе наполни 36, а таа 46 години. Имено, поранешната двојка родендените ги слави на ист ден.

Се покажа како полн погодок за пејачката кога пред две недели ја објави песната „BZRP Music Sessions #53“, која досега има 220 милиони прегледи. „Извини, веќе зедов друг авион, не се враќам дома, не сакам ново разочарување. Толку долго се правеше шампион, а кога ми требаше ми ја даде најлошата верзија од себе. Не се враќам кај тебе, иако плачев и молев, ме остави со неа, новинари, долгови, УЈП… Мислиш дека ме повреди, но сега сум уште посилна…“ – гласи парафразираниот текст.

На новата песна, која ќе биде роденденски подарок за Пике, Шакира соработувала со колумбиската ѕвезда Карол Џи. Спотот го снимиле за само два дена, а работеле по 15 часа дневно за да се подготви се на време, вели новинар во подкастот „Mammarazzis“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma