Во моментот кога ќе му го кажете судбоносното „да“ на партнерот, не сте ја обезбедиле среќата до крајот на животот.
Бракот бара многу труд и вложување. Понекогаш напорите и компромисите што ги правиме функционираат, понекогаш не, а во моменти кога не е сè идеално, многу често добиваме безброј совети и предлози како да ги поправиме работите. Сепак, иако овие совети обично се добронамерни, некои е подобро да се игнорираат. Во продолжение три совети за „среќен“ брак кои никогаш не треба да ги слушате.
Во ред е ако нема секс
Недела или две, па дури и месец без секс, се разбира, не мора да значи дека има проблеми во вашиот брак, но сексот е многу важен дел од односите меѓу сопружниците. Ако недостига некое време, веројатно значи нешто и дефинитивно има проблем. Ако вашиот сексуален живот речиси веќе не постои, време е да разговарате со сопружникот за да дојдете до одговор на прашањето што се случува и како да го надминете проблемот. Во спротивно, вашиот проблем може да станува се посериозен, а последицата може да биде емоционално дистанцирање.
Секој заеднички момент нека биде посебен
Со други зборови, секогаш кога сте заедно направете нешто посебно, организирајте вечера со свеќи, испланирајте викенд одмор. Прашањето е – дали сакате постојано да бидете под притисок да создадете нешто магично и незаборавно? Иако малото бегство може да биде прекрасно, ниту вашето секојдневие не е лошо. „Фрлете се“ на заедничко чистење на домот или прошетајте го кучето.
Родителството ќе ги реши сите проблеми
Овој совет често се дава кога нечиј брак минува низ тежок период, но ова е еден совет кој апсолутно не смеете да го слушате! Ако вие и вашиот сопруг поминувате низ тежок период, многу се расправате и се оддалечувате, детето може да ви ги реши проблемите на краток период, но кога новитетот и возбудата на новороденото бебе ќе исчезнат, проблемите што ве мачеле пред детето ќе излезат на површина. Исто така, ќе дојдат и нови проблеми, бидејќи родителството може да биде стресно. Затоа, пред да одлучите да основате семејство, прво средете ја вашата врска.