Контроверзната албанска пејачка Рита Ора конечно потврди дека е во брак со режисерот Таика Вејтити додека гостуваше во „Heart Radio Breakfast“ за да ја промовира својата нова песна.
– Да, мажена сум. Официјално не сум повеќе на пазарот. Решив да бидам приватна за тоа – изјави 32-годишната пејачка која со топлес фотографија на социјалните мрежи го најави објавувањето на новата песна.
Коментирајќи го големиот ден, Рита рече дека бил „совршен“ и „токму како што таа го замислувала“.
– Беше прекрасно, беше совршено. Убаво е да чувате некои работи за себе. Извинете што не звучам толку интересно. Еден ден ќе направам голема забава – додала пејачката која се уште не е сигурна дали ќе го земе презимето на сопругот.
– Секако размислував да го земам неговото презиме, но работев многу напорно за мојата Ора. Не знам. Се уште не сум одлучила – објаснила таа.
Таа зборуваше и за нејзината борба со силниот притисок на славата, објаснувајќи како блиските пријатели и членовите на семејството ѝ помогнале да ги преживее моментите кога дури сакала да се откаже од кариерата.
– Сакав да се откажам. Си помислив: „Дали вреди ова?“… Како што станав попозната, сфатив дека луѓето гледаат на мене. Станувате пример, а понекогаш не сте подготвени за тоа затоа што само сакавте да правите музика. И сега ве следат милиони луѓе. Така што психолошки е навистина интензивно – заклучила пејачката.