Спремете ПАЛЕНТА на италијански начин: Рецепт стар преку 120 години!

popara29 јануари, 20231min00
c5474ad588d65140081634ff7c56ccd2eb463c5c

Италијанците се познати по својата одлична кујна, како и по тоа што можат да го збогатат секое јадење. Овој рецепт е стар преку 120 години, а е исклучително едноставен. Потребни ви се 3 основни состојки кои ги има секое домаќинство и кои не чинат многу. Пржената палента можете да ја послужите како празнично предјадење, но и како вкусен појадок или вечера. Одлична е со домати, сирење, пршута…

Состојки:

250 гр палента
1 л вода
1/2 лажичка сол

Подготовка:

Истурете вода во тенџере и посолете. Кога добро ќе се загрее (но не и врие) додадете ја палентата. Мешајте цело време додека додавате и потоа убаво да се соединат состојките. Кога смесата ќе стане густа и водата ќе испари, таа е готова. Истурете ја смесата во тава за леб подмачкана со масло, па покријте ја со проѕирна фолија и почекајте да се излади на собна температура. Потоа префрлете го во фрижидер и оставете добро да се стегне. Се сече по желба, па се пржи во добро загреано масло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma