НЕ Е ПОРАДИ МОРАЛОТ! Експерт за врски открива после колку време е во ред да имате секс со новиот партнер!

popara29 јануари, 20231min00
377837_x2_f

Слаѓана Трикиќ, експерт за врски, истакнува дека за интимни односи треба да почекате барем еден месец.

Кога станува збор за машко-женските односи, работите не се толку едноставни како што би сакале да бидат.

Запознавате нова личност, се заљубувате и веднаш сакате да направите се со неа. Сепак, за почеток, потребно е малку подобро да ја запознаете личноста, за да и ја дадете вашата доверба, но и вашето тело.

За тоа зборуваше и трансформацискиот тренер, специјализиран за партнерски односи, Слаѓана Трикиќ, која откри кога е во ред да се има односи со новиот партнер.

Првото нешто што таа го истакна е дека нејзиното објаснување нема врска со морализирање, со оглед на тоа што многу луѓе моралот го поврзуваат со односи на прв состанок и слично.

– Потребно е да имате најмалку четири состаноци пред првиот однос, и тоа еден состанок неделно. Може да се гледате почесто, но немајте односи барем еден месец, а може и подолго – вели Слаѓана.

Таа објаснува дека период од еден месец е релативно доволен за да запознаете некого доволно за да знаете дали е со вас чисто за акција или има искрени намери.

– Оној што искрено ве посакува ќе чека месец дена или подолго, ако треба, а вие нема да бидете повредени – вели таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag