Таа важи за една од најубавите актерки
Меган Фокс решила да воведе драстични промени, толку големи што на прв поглед изгледа непрепознатливо. Актерката ја запознавме на почетокот на 2000-тите, а од самиот почеток на кариерата беше препознатлива по долгата темна коса.
Сега, 20 години подоцна, Меган одлучува да стави крај на фризурата по која ја препознававме. Таа ја скрати косата, а лицето го врами со шишки. Меѓутоа, покрај должината на косата, таа ја промени и бојата и сега се премина во тимот на русокосите. Бидејќи Меган ја следат многу жени ширум светот, не се сомневаме дека и нејзината нова фризура ќе стане доста популарна.
Да се потсетиме, Меган има три деца со актерот Брајан Грин, со кој беше во брак од 2010 до 2021 година. После тоа стапи во врска со музичарот Машин Ган Кејл, а се шпекулираше дека поради него ставила крај на бракот. Актерката набрзо беше запросена, а свадбата се уште се чека.
Меган често е мета на негативни коментари, а тоа неодамна го прокоментира, велејќи дека понекогаш луѓето немаат почит кон познатите личности.