Дали сте меѓу нив?
Врската не е лесна за одржување. Треба да имате емоционална интелигенција.
Еве што не прават интелигентните луѓе во врската:
- Не ја анализираат секоја ситница
Ова не води никаде и само ве исцрпува и вас и вашиот партнер. Интелигентните луѓе не го трошат своето време на детални анализи.
- Не мислат дека партнерот ќе ги дополни
Прво мора да се сакаме себеси и да бидеме среќни со себе за да бидеме среќни со други луѓе. Она што не го носиме во себе, не можеме да го најдеме никаде на друго место.
- Не го навредуваат партнерот
Љубовта е почит и тие го знаат тоа.
- Не престануваат да водат искрени разговори
Квалитетната комуникација е основа на успешна врска.
- Не сакаат да го менуваат партнерот
Го прифаќаат и со доблести и со маани.
- Не дозволуваат нивното минато да влијае на нив
Свесни се дека покрај себе имаат сегашен, а не поранешниот партнер. Не го споредуваат новиот со стариот.
- Не остануваат во нездрави врски
Тие знаат како да стават крај на работите кои не водат кон ништо.