Кикиритки или бадеми? Експертите објаснија кое јаткасто овошје е поздраво

popara29 јануари, 20231min00
kikiriki-bademi-830x0

Дали повеќе сакате да јадете бадеми или кикиритки?

Меѓу омилените јаткасти плодови секако се бадемите и кикиритките, но дали некогаш сте се запрашале кое од овие две овошја е поздраво?

На ова прашање одговорија три експертки.

– Бадемите и кикиритките содржат исти витамини, Б и Е, но во различни количини. Бадемите имаат поголема количина на витамин Е. Од друга страна, кикиритките се подобар извор на витамини од групата Б како фолати и ниацин – вели нутриционистката Марија Ариенти.

Според неа, содржината на магнезиум во двата јаткасти плодови е добра, но бадемите содржат малку повеќе магнезиум.

– Бадемите имаат двојно повеќе железо и пет пати повеќе калциум од кикиритките, иако и двата плода имаат иста количина на цинк. Значи, пресудата е во корист на бадемите бидејќи тие се нутритивно подобри – додаде таа.

Магистерот по здравствени науки и нутриционист, Розен М. Силва тврди дека, на пример, путерот од бадем содржи пониски нутритивни вредности од путерот од кикиритки.

– Значи бадемот можеби е посоодветен за оние кои сакаат да ослабат или сакаат да се грижат за исхраната. Затоа се зависи од прехрамбената стратегија – вели таа.

Диететичарката Дејдре Хујсамен вели дека и бадемите и кикиритките се здрави намирници богати со хранливи материи кои можат да бидат дел од урамнотежена исхрана.

– И двата јаткасти плодови се одлични извори на омега 6 масни киселини, влакна и протеини. Бадемите имаат малку повеќе витамин Е од кикириките, додека кикириките се подобар извор на витамин Б – заклучила таа, а пренесува „MSN“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag