Актерката Ени Вершинг, најпозната по улогите во сериите „Timeless“ и „24“, почина на 45-годишна возраст, по долга борба со ракот.
Во саботата на социјалните мрежи оваа вест ја потврдија нејзиното семејство и пријателите.
Нејзиниот сопруг Стивен Фул прв го објави ова на социјалните мрежи.
-Денес има голема дупка во душата на ова семејство. Но, таа ни ги остави алатките да ја исполниме. Најде чудо во наједноставниот момент – напишал Фул, која исто така е актер и со актерката има три деца.
Ени дозна за порочната болест летото 2020 година, а и покрај третманот, продолжи да работи и да ја снима серијата „Star Trek: Picard and The Rookie“.
– Не ѝ требаше музика за да танцува. Таа не научи да не чекаме авантурата да не најде. „Оди најди ја, јаима насекаде“. И ќе ја најдеме – напиша тој.